Алфредо Џејмс Пачино е американски филмски и драмски актер, режисер и сценарист. Најпознат по своите гангстерски улоги поради кои доби бројни признанија меѓу кои и Оскар.
Ова се неговите познати цитати:
„Никогаш никому не се правдајте и не објаснувајте. Секој ќе разбере како нему му одговара.“
„Како дете, му се молев на Бога за велосипед… Потоа сфатив дека Бог функционира поинаку. Украдов велосипед и почнав да му се молам на Бога да ми ги прости гревовите“
„Лесно е да го излажеш окото, но најтешко е да го излажеш срцето.“
„Вистина е дека мене е тешко да ме разберете. Мора да живееш 50 години со мене за да можеш да сфатиш за што зборувам.“
„Мојата мајка почина пред да успеам. Се сеќавам дека имав околу десет години кога живеевме во станот на последниот спрат. Беше многу ладно. Другарите постојано ме викаа со нив да излезам на улица. Но, мојата мајка никогаш не ми дозволуваше. Бев многу лут на неа, се карав и викав, а таа молчеше.
Така ми го спаси животот, бидејќи сите тие момци повеќе не се живи. Таа не сакаше да се дружам со нив. Гледате, затоа сум јас сега тука и разговарам со вас. Сѐ е многу едноставно, зар не? Но ние бргу забораваме…“
„Клучот до успехот е желбата. И таа постојано гори во мене!“
„Честопати ми велат дека сум здодевен, сезнајко и циник. Ве предупредувам дека сум многу полош!“
„Имаше и такви години кога бев многу зависен од алкохол и таблети. Тогаш седев на некоја церемонија и си мислев: ако ме повикаат сега да излезам на бина, дали ќе можам воопшто да излезам? Не бев сигурен!
„Не сфаќам зошто луѓето мразат бисексуалци и хомосексуалци? Не постои објаснување за тоа во мојата глава. Сметам дека не е важно во кого сте заљубени… во жена или во маж. Сакаш – тоаа е најважно!“
„Книгите и претставите ми помагаат да го најдам своето место во светот. Дојде до поместување, станав посериозен.“
„Гордоста и дрскоста се слуги на ѓаволот. Ако не можете да ги контролирате, ќе почнат тие да ве контролираат вас.“
„Иако играв готвач на филм, не барајте од мене да ви зготвам било што. Ако одеднаш почнам да готвам, тоа може да заврши со убиство. Сериозен сум: можам да глумам дека сум готвач, но не и да готвам – не можам!