Категории

Џенифер Анистон ја откри тајната на својата младоликост

Џенифер Анистон која во февруари наполни 50 години, во интервју за InStyle ја откри тајната за нејзината „вечна“ убавина.

Магазинот “People” ја прогласи актерката за најубава жена на светот во 2016 и 2004 година. Фотографиите за едиторијалот сведочат дека таа со децении изгледа сосема исто.

Која е тајната на нејзината младоликост, Џенифер сподели со своите фанови кои долго време се прашуваа за тоа. „Кога имав 15 години мајка ми ми кажа дека морам да водам грижа за хидратација на кожата и секојдневно да користам хидратантна крема за лице“ – откри ѕвездата која со години е верна на истата крема.
Таа додаде дека и здравата исхрана и вежбањето се нејзините најсилни сојузници во одржување на младоликиот изглед низ годините.

Прегледи:
522
Објавено на:
07.09.2019