На нивните изјави со задоволство се присетуваме.
Романтичниот однос помеѓу мажот и жената е бесмртна тема за книжевноста, кинематографијата и другите области на уметноста. Темата која најмногу го возбудува нашиот ум е секако, љубовта. Постои ли нешто поважно во животот? Се потсетуваме на духовитите и иронични цитати на познатите дами за љубовта и машко-женските односи.
„Семејството заменува сѐ. Затоа, пред да создадете семејство, треба да мислите што е поважно за вас: сѐ или семејството“, Фаина Раневскаја
„Доколку мажите мораа да раѓаат, никој од нив не би имал повеќе од едно дете!“, Принцеза Дајана
„Петелот може да биде добар, но кокошката и понатаму носи јајца!“, Маргарет Тачер
„Мажите лажат помалку од жените, освен кога говорат за своите емоции“, Принцеза Дајана
„Жените можат да одглумат оргазам. Но, мажите глумат љубов“, Шерон Стоун
„Жените се секако, попаметни. Дали некогаш сте слушнале за жена која ја изгубила главата затоа што мажот имал убави нозе?“, Фаина Раневскаја
„Вкусот се формира постепено. Пред дваесет години, случајно се омажив за маж, кого денес не би го поканила ни на ручек“, Елизабет Тејлор
„Една стара теорија вели: „Омажи се за човек кој е постар од тебе – тој е позрел.“ Меѓутоа, новата теорија вели: „Мажите не созреваат. Омажи се за некој помлад.“, Рита Руднер
„Мажите се неверојатно нелогични: велат дека сите жени се исти и секогаш ги менуваат една за друга“, Колет