Еден познат говорник го започнал овој семинар така што подигнал банкнота во вредност од 20 долари. Во просторијата во која имало 200 луѓе, ги запрашал: „Кој би ја сакал оваа банкнота од 20 дали?“
Рацете почнале да се подигаат.
Потоа говорникот одговорил: „Ќе му ја дадам на некој д вас но дозволете ми прво нешто да направам“ и потоа ја стуткал банкнотата и повторно прашал „Кој ја сака оваа банкнота?“
Сепак, рацете повторно биле во вис.
„Па“, продолжил: „Што ако го направам ова?“ ја спуштил банкнотата на подот и ја згазил со ногата. Потоа ја подигнал згужвана и валкана „Дали има некој кој и понатаму ја сака оваа банкнота?“ сепак рацете и понатаму биле подигнати.
„Пријатели мои, сите вие сега научивте една многу важна лекција. Без обзир на тоа што направив со банкнотата, вие и понатаму ја сакате, затоа што тоа не ја намали нејзината вредност. Сеуште вреди 20 долари.“
Многу пати во нашиот живот, сме згазени, згужвани, паѓаме на земја во нечистотија поради одлуките кои ги носиме и околината во која не водат нашите животни патишта. Се чувствуваме како да не вредиме ништо, но без оглед на тоа што се случило и што ќе се случи, никогаш нема да ја изгубите својата вредност. Вие сте посебни – и немојте тоа да го заборавите никогаш!