Категории

Лекции кои мора да ги научиш во било која доба од животот

Учиме дури сме живи, но овие животни лекции мора да ги научиш, порано или подоцна.

-Никогаш не се извинувај за тоа што си.
-Не должиш објаснување никому.
-Грижата за себеси не е себичност. Секогаш најди време за себеси, затоа што го заслужуваш тоа време.
-Од време на време насмеј се на себе. Сите правиме грешки, така растеме.
-Не плаши се да испробаш нешто ново.
-Секогаш биди љубезен.
-Ти си човек, и какви чувства и да поседуваш, покажи ги. Не дозволувај некој друг да ги попречува.
-Не секој ја заслужува твојата прошка. Но подобро е да си во мир со себеси.
-Научи да го прифатиш извинувањето кое никогаш не си го добил.
-Понекогаш се што треба е време. Подари си го тоа време.
-Истражувај кој си и никогаш не престанувај да учиш од себеси.
-Сосема е во ред да ги менуваш мислењата.
-Свежиот воздух ќе дојде, а тоа нездраво место во кое се наоѓаш нема да трае засекогаш.
-Секогаш кажувај им на луѓето кои ги сакаш колку ги сакаш.
-Живеј го својот живот како што сакаш, а не како што другите сакаат да живееш.
-Во ред е понекогаш да кажеш НЕ.
-Биди горд на себеси. Горд на тоа што си и кој си и тоа што ќе станеш. Мали или големи победи, биди горд и слави го животот.

Прегледи:
781
Објавено на:
05.10.2019