Некогаш сме сведоци на вистинското место и во вистинското време, како тоа да е во склад со нечија волја, и така помислуваме дека тоа е најверојатно судбина.
Ви споделуваме неколку приказни од животот на анонимци кои ги споделиле со цел да му докажат на светот, дека судбината постои како и чудата во неа.
„Се вселив во нов изнајмен стан. После две недели откако веќе живеев во него, еден ден одлучив за себе да си направам спа оаза и малку да се опуштам. Запалив свеќи, ја замотав косата во масла и го намачкав целото тело со зелена глина, ја наполнив кадата и зедов една чаша вино, и кога барав песни за опуштање, одеднаш некој почна да ја отклучува вратата од станот.
Влезе маж кој кога ме виде така гола како од мајка родена, застана а јас почнав да вриштам и истрчав во кујната да земам нож. Тој почна да вика: Која си ти? Што правиш во мојот стан? А јас: Што прави ти? Јас овде живеам!
После неколку минути двата се смиривме. Се испостави дека тоа е станот на прекрасниот маж кој бил на годишен одмор, а неговата баба сонувала дека тој ќе пронајде сопруга во станот и неа ќе ја запроси, и баш мене ми го изнајми станот без тој да знае.
Сеуште се сеќавам на тој ден, и сеуште живеам таму, ние сме среќно семејство.“„Повторно се уверив како живот сака со нас да се шегува. Мојата постара сестра имаше врска од 5 години. Раскинаа, и после некое време се омажи за Вања. Мојот брат имаш девојка со која беше во врска 8 години. Се разделија, а потоа запозна прекрасна девојка која исто така се вика Вања. Јас бев во врска со маж 3 години. Неодамна раскинавме, а сега запознав друг човек.. можете ли да го погодите како се вика? Да, Вања!“
„Живеев во Осака до својата десетта година. Таму одев во градинка. Мојата мајка и тетка често подоцна ми кажуваа дека имав девојка во градинка која се викаше Дијана и имаше 4 години, а јас 5. Јас тогаш сум и обетил дека кога ќе пораснеме, ќе се оженам со неа.
Многу подоцна се преселив во Минхен. Пред 3 години запознав жена со име Дијана. Наскоро нашето пријателство се претвори во врска. Името Дијана не ме потсетуваше веднаш но кога подобро се запознавме и и ја раскажав приказната од градина, се испостави дека тоа е истата Дијана. Наскоро ќе се венчаме, а поентата на мојата приказна е дека морате да ги исполните своите обетувања!“