Категории

(ВИДЕО) Вирален хит на Инстаграм: Германскиот манекен за кого зборува целиот свет

Момчето кое на модната недела во Париз прошета по долен веш, чизми и кожно палто стана вистински хит на друштвените мрежи.

Кога Леон Дами прошета по модната писта за брендот Margiela, на ум имал се освен тоа дека ќе му се смее цела планета. Се работи за неговото необично одење.

-Е, ова е прав Зулендер – истакна еден од корисниците на друштвените мрежи алудирајќи на комедијата во која Бен Стилер игра манекен.

Леон има 20 години но досега има богато искуство на модната сцена. Учествувал во ревии за Burberry, Gucci, Valentino, Alexander McQueen и многу други.

Прегледи:
611
Објавено на:
07.10.2019