Категории

Есенски трендови: Сини нијанси на сенки за истакнување на очите

Smokey eye ефектот во сина нијанса делува како тренди начин да ја истакнете убавината на очите и да ја унапредите вашата beauty рутина.

Есенската сезона како и секоја друга, донесува свои нови трендови во модата и убавината. Кога е во прашање шминката, овој пат црната боја ќе ја мешаме со кралската сина, што е потполно поинакво од диско тоновите на ’80-тите и ледено сините кои се носеа во текот на ’90-тите.
Прва која го докажа тоа е Викторија Бекам – ултимативната икона на убавината и модна трендсетерка која неодамна ја претстави истоимената колекција од својата декоративна козметика. Дизајнерката и бјути гуру не само што ја носи оваа нијанса секојдневно, туку и ја претстави во својата линија на шминка.
Тоа е доволна причина да и дадеме шанса на оваа боја која може да изгледа одлично кога ќе ја нанесете во комбинација со сива, бела или црна сенка.

Прегледи:
446
Објавено на:
07.10.2019