Категории

Волнени шешири – инспиративен есенски моден детал

Една од главните причини зошто толку многу ја сакаме есента е секако разновидноста на трендовите што можеме да ги комбинираме и да ги носиме.

Дури и ако се одлучите за едноставни секојдневни изданија, има мал број детали кои ќе го воздигнат вашиот изглед, а оваа есен повторно во фокус се на многумина омилените волнени шешири.

Бидејќи во студените денови секојдневно носиме чизми и палто, по некое време овој изглед станува едноличен и бара моден додаток кој ќе ја растури монотонијата. Тогаш е вистинското време за атрактивен моден додаток, како што е волнениот шешир, кој на вашата облека ќе и додаде доза на шик, а и грациозност.

Овој моден додаток има и своја практична страна, нè чува од студот и е погоден за време на лошите денови за нашата коса.

Волнените шешири оваа есен ќе и дадат посебна романтична нота на вашата облека, па време е да го пронајдете оној што најдобро ќе го претставува вашиот стил!

Прегледи:
636
Објавено на:
10.10.2019