Категории

За дамите со низок раст – Три есенски трендови кои трендсетерките ги обожаваат

Тие знаат како визуелно да постигнат ефект на долги нозе и витка фигура

Ако сте со низок раст и сакате со помош на облеката да ја издолжите вашата фигура, овогодинешните трендови се на ваша страна. Ви споделуваме три тренди парчиња кои ќе ви помогнат визуелно да ја издолжите својата фигура.

Плисирани макси сукњи
Најголемиот тренд за оваа сезона, плисираните сукљи особено ќе им се допаднат на дамите со низок раст. Тие ви помогнат да добиете изглед на долга фигура, комбинирајте ги со џемпер или кошула.

Еднобојни одела
Овој тренд функционира одличнос кај жените со секаков облик и величина, а особено е добар за оние со низок раст. Одберете одело во една боја и комбинирајте со неутрални потпетици за да добиете ефект на долги нозе и тенка фигура.

Широки панталони
Широките панталони со висок струк се полн погодок и прават да изгледате како да имате долги носи и го смалуваат горниот дел од вашето тело што дава илузија на издолжена фигура.

Прегледи:
447
Објавено на:
10.11.2019