Категории

Корисни мејкап трикови од Кејт Босворт

Убавата актерка ги откри тајните на нејзиниот беспрекорен изглед

Кејт Босворт е една од оние познати личности која секогаш инспирира со своите бјути трансформации, таа сака да екпериментира со шминката и на неа секој вид шминка изгледа добро.
Таа одлучи да ги сподели своите омилени трикови за кои сме сигурни дека на многумина ќе им бидат од корист.

-Хидратантна пудра
Тајната на беспрекорниот тен и свеж изглед е тоа што Кејт не користи високопокривни и мат пудри. Таа вели дека за нејзината секојдневна шминка е инспирирана од безвременската италијанска романтичност. Таа избира лесни пудри кои ќе направат нејзината кожа да изгледа свежо и природно.

-Коректор и хидратантен крем како замена за пудра
Во деновите кога не сака да се шминка или кога патува, Кејт користи хидратантен крем за лице со висок заштитен фактор и само коректор на местата каде што има неправилности на кожата.

-Прстите се одлични мејкап алатки
Кејт сподели дека не користи четки при шминкањето и тоа го прави со прстите.
„Кога нанесувам пудра со прстите природната топлина на кожата прави таа подобро да се впива и да изгледа по природно. Тоа ми е омилен начин на наесување на сите мејкап продукти кои ги користам, сенка за очи, руменило, хајлајтер. Се изгледа подобро кога е нанесено со прсти“

-Балзам
Една од нејзините тајни за убавина е користењето на балзам на трепките и веѓите. Таа вели дека нанесува балзам на четка за заби и така ги чешла веѓите и става и на трепките. Потоа нанесува молив за веѓи и маскара, таа вели дека тоа прави тие да изгледаат погусти.

-Руменило како сенка за очи
Кејт обожава мултифункционални продукти, па карминот често го користи и како руменило, руменилото и како сенка за очи.
„Користам руменило како сенка за очи, постојано!“ – сподели таа.

Прегледи:
574
Објавено на:
25.11.2019