Фотографии кои ќе ве исполнат со пријатни чувства
Миговите на искрена среќа кај сите нас влијаат исто. Ова единствено чувство е заслужно тие моменти да ги паметиме за цел живот и често со радост да им се навраќаме и да се присетуваме на нив.
Секој ја пронаоѓа својата среќа порано или подоцна – за некои таа претставува раѓање на бебе, за некои пат до далечна земја од соништата, но и едноставни нешта како средба со драг пријател или возвратена насмевка од личност која ја сакаме.
Ние ви подготвивме неколку фотографии на кои се прикажани вистинските и искрени моменти на среќа кои ќе можете и вие да ги почувствувате од длабочината на вашето срце. Немојте да ги „прелетате“. Додека ги гледате, обидете се да се потсетите на најсреќните мигови од вашиот живот и тогаш ќе се случи магија – вашите усни ќе се развлечат во насмевка, а денот ќе ви стане барем малце поведар и поубав.
Среќа е да се стане мајка и татко
Среќа е да се шегувате без да правите ништо сериозно
Среќа е да добиете поклон кој потајно сте го посакувале
Среќа е да го правите она што го сакате, без оглед на последиците
Среќа е да се биде дел од големо семејство
Среќа е да се пронајде вистински пријател
Среќа е да се отиде на патување на животот
Среќа е да се има некого на кого ќе можеш да се потпреш
Среќа е да не се предадеш и да продолжиш без оглед на се
Среќа е на некому да му приредиш прекрасно изненадување
Среќа е да направиш добро дело
Среќа е кога не мораш да брзаш никаде наутро
Среќа е да бидеш покрај саканата личност
Среќа е кога сите се дома
Среќа е кога ќе му се препуштиш на уживањето