Категории

Најдоброто од македонската рап сцена на првиот соло концерт на ЛД Пистолеро

Во рамки на 21. издание на фестивалот Таксират вчеравечер во Младинскиот културен центар се случи собиранка на најдоброто од македонската рап сцена. На 1. декември беше закажан првиот соло концерт на скопскиот рапер ЛД Пистолеро, кој веќе две недели пред закажаниот датум беше комплетно распродаден. 

Раперот на сцената беше придружуван од легендата на македонската сцена Гоце САФ, а со микрофон во рака го придружуваа Страјк и Ронин.

Раперот поддржан од своите пријатели и бројните гости успеа да создаде одлична атмосфера и заедно со  препоплната сала во МКЦ во еден здив ги изрецитираа најпопуларните негови песни.

Овој концерт доаѓа после два негови соло албуми,  „После мостот“ кој го издаде пред 6 години и вториот „Далеку“, кој го издаде на почетокот од оваа година

Раперот на вчерашниот концерт голем акцент стави на неговите пријатели и на музичките соработките, бидејќи како што вели микрофонот му помогнал да се зближи со многу луѓе, па така на сцената се појавија неговиот поранешен состав ЛЕГИЈАТА, САФ го комплетираа својот состав со појавувањето на Пикисипи и Смилен, а се појавија и Павле од Зад аголот, Rootsman од тетовскиот реге состав Conquering Lion и српскиот рапер Дон Дада.

 

 

 

Прегледи:
963
Објавено на:
02.12.2019