За да се создаде професионален тим, лојални и задоволни клиенти, услуги кои секогаш нудат квалитет и новитети, потребно е постојано надоградување на вештините, знаењето, техниките.
View this post on Instagram
Во светот на козметиката, дерматологијата и естетиката, каде што постои голема конкуренција, особено треба да се обрне внимание кон персоналот кој го претставува студиото за убавина и услугите кои ги нуди. Токму затоа, професиналниот тим на La Sensa студиото за убавина редновно ги посетува сите најдобри обуки каде што се стекнува со нови знаења и вештини.
Поради тоа што во La Sensa може да уживате во голем број на услуги, почнувајќи од шминка, фризура, нега на лице преку најквалитетни производи, нега на тело, солариум, маникир, педикир, депилација и уште многу други услуги, обуките се неизбежен дел од обврските на вработените.
Во продолжение може да погледнете дел од овие обуки на кои секогаш се учат нови нешта, а во иднина очекувајте уште многу изненадувања!