Категории

Понекогаш е најдобро само да ги пуштиш нештата и да не се грижиш повеќе

Работете на себеси и вашиот сопствен мир и ќе сфатите дека не-реагирањето на секое мало нешто кое ви смета е вистинската состојка за среќен и здрав живот.

Полека спознавам дека не морам да ги повредам оние кои ме повредиле. Полека учам дека можеби конечниот знак на зрелост е заминувањето наместо останувањето. Полека учам дека енергијата која е потребна да реагирам на секоја лоша работа која ми се случува, ме спречува да ги согледам добрите нешта во животот. Полека спознавам дека не можам да ги третирам сите луѓе на начин на кој сакам да бидам третирана и сето тоа е во ред.

Полека учам дека недостатокот на реакција не значи дека се согласувам со некои нешта, тоа само значи дека сакам да бидам над тоа. Одбирам да ја научам лекцијата, одбирам да бидам поголема личност. Јас го бирам својот мир затоа што тоа е она што ми треба. Не ми е потребно повеќе драма, не ми требаат луѓе кои ме наведуваат да се чувствувам како да не сум доволно добра. Не ми треба борба и аргументи и лажни врски. Полека учам дека понекогаш ако не кажам ништо, всушност кажувам се.
Полека спознавам дека дури и ако реагирам, нема да променам ништо, луѓето нема одеднаш да почнат да ме сакаат и да ме почитуваат, тие нема одеднаш чудотворно да се променат. Понекогаш е подобро едноставно само да ги пуштиш нештата, луѓето да заминат, да не се бориш, да не бараш објаснувања, одговори и да не очекуваш луѓето да разберат.

Животот е подобар кога не се живее сконцентриран на она што се случува околу нас, наместо тоа подобро е да се биде сконцентриран на внатрешниот мир.
Работете на себеси и вашиот сопствен мир и ќе сфатите дека не-реагирањето на секое мало нешто кое ви смета е вистинската состојка за среќен и здрав живот.

Прегледи:
538
Објавено на:
12.12.2019