Категории

Кралицата Ранија од Јордан беспрекорна во поволна модна коминација кој ги воодушеви сите

Нејзиното височество докажа дека кралските припадници не секогаш носат марки и скапи парчиња, па за свеченоста избра парчиња кои може да си ги дозволи и средната класа

Кралицата Ранија секогаш умее добро да ги одбира своите деловни стајлинзи, но исто така секогаш вешто експериментира со боите и дезените а не е изненадување тоа што најчесто одбира парчиња со пристапна цена нетипично за една припадничка на кралството.

По повод доделувањето на наградата за изонредност во образованието, таа одбра комбинација од блуза и здолниште со миди должина во сина боја со забавен езен од модниот бренд Zara.
Исклучително елегантната комбинација ја надополни со златни салонки и кафеава ташна со потписот на Gabriela Hearst.

Прегледи:
564
Објавено на:
19.12.2019