Во новата година треба да донесеме нови одлуки, да доживееме нови искуства и секако да бидеме во тек со најновите откритија во областа на убавината, дерматологијата и естетиката. Anti Aging Center by Promoitalia постојано се грижат да ви ги овозможат најновите и најквалитетни услуги и третмани за одржување и нега кожата, разубавувајќи го вашето секојдневие, враќајќи ја самодовербата и насмевката на вашето лице.
Јануари е месец на нови почетоци, а Anti Aging Center by Promoitalia веќе имаат подготвено за вас нови изненадувања. Најдобри третмани за лице кои ја регенерираат кожата и го враќаат нејзиниот сјај и еластичност, бришејќи ги брчките од неа.
Nucleofill е новиот концепт на регенерација на кожата. Nucleofill има ефект на хидрирање и биостимулациски ефект. Полинуклеотидниот гел е новата линија на биостимулативни гелови, базирани врз природни полинуклеотиди со голема густина за подмладување и заштита на кожата.
Чист гел кој е со еластична густина, кој се инјектира, не предизвикува накачување на телесната температура и е разградлив.
Благодарение на неговите биохемиски карактеристики, Nucleofill ја подобрува еластичноста на кожата, ефективен е при превенција на брчки, превентира загуба на тургорот, затегнатоста и еластичноста на кожата, и е ефективен при лекување на атрофија на ткивата.
Високиот капацитет за хидратација се должи на можноста да ја задржи водата на структурално нуклеотидско ниво. Електростатички сунѓер кој гарантира добробит на клетката.
Втората процедура со неверојатен ефект врз вашата кожа се нарекува Cellular Matrix.
Cellular Matrix е процедура за рејувенација која истовремено го поттикнува ткивото на регенерација, благодарение на факторите за раст и длабински интезивно ја хидрира кожата со помош на хијалурон. Комбинацијата на PRP и хијалурон дава зголемен ефект на подмладување, а кожата по третманот е мазна, со подобар тонус и без неправилности и брчки.
Cellular Matrix е иновативен третман кој ги комбинира придобивките од двете признати методи за подмладување PRP и хијалурон.
Кога хијалуронот се додава во центрифугираната плазма, пациентот има улога на носач на факторот за раст и на тој начин се постигнува поголем резултат, а ефектите се долгорочни.