Категории

Драгоцени мудрости кои старите луѓе ги порачуваат

Можете да живеете долг или краток живот – никој не го знае тоа. Колку и да биде, потребно е за вашето здравје да се грижите во младоста.

Неодамна беше спроведено истражување врз личности на возрас од 70-90 години, на темата „Каков совет би им дале на современите луѓе?“ Се чини како вообичаено прашање, но некои одговори беа прилично неочекувани.
Еве кои совети ги споделија тие:

-Можете да живеете долг или краток живот – никој не го знае тоа. Колку и да биде, потребно е за вашето здравје да се грижите во младоста.

-Пријател е оној кој ќе ви притрча во помош, дури и кога ќе го повикате во два часот после полноќ. Останатите се само познаници.

-Нема да забележите кога вашите деца ќе пораснат. Затоа поминувајте време со нив колку што можете повеќе.

-Најважната личност во вашиот живот е – личноста која прифатила да го дели својот живот со вас. Гледајте на ова баш на овој начин.

-Никој не умрел жалејќи дека работел малку во животот. Бидете вредни, но не ја ставајте работата пред семејството, пријателите и на крај – пред самите себе.

-Ако сте уморни од животот, едноставно станете и размислете за сегашниот миг, обидете се да уживате во се што е убаво, и навистна важно за вас. Длабоко воздивнете и опуштете се. Се е релативно.

-Сите ние имаме само еден живот. Немојте да се разбудите наредниот ден дека веќе имате 60 години и не сте оствариле ништо за што сте сонувале целиот живот.

-Иако ова не е некој длабокоумен совет како останатите, сепак. Мијте ги забите редовно, водете грижа за нив. Затоа што забните проблеми се грозни.

-Не следете ги сите совети како библиски заповеди. Можете да побарате совет од некој кој го цените, но на крајот донесете сопствена одлука.

-Ценете го секој миг и секој детал.

-Плаќајте ги своите сметки и држете се понастрана од долговите.

-Љубомората ги уништува односите, имајте доверба во вашата друга половина. Ако не и верувате тогаш на кого друг ќе му верувате?

-Ако имате неостварен сон, морате да се обидите да му се приближите до негово остварување. Затоа што текот на годините тој ќе стане се по неостварлив.

Прегледи:
443
Објавено на:
02.01.2020