Категории

Ниедна жена не плаче без причина

„Никој не плаче без причина!“ А ова нека го чујат сите мажи чии жени плачат „без причина“. Погрижете се и преиспитајте се, да не можеби всушност плаче поради вас

„Слушнав едедн загрижен маж како се жали дека неговата жена понекогаш плаче без причина. Едноставно и се насобрало. Како што велеше, ја водел дури и на лекар и на бајач, да не можеби некој и сторил нешто, но немало ништо.
Му реков – „Никој не плаче без причина!“ А ова нека го чујат сите мажи чии жени плачат „без причина“. Погрижете се и преиспитајте се, да не можеби всушност плаче поради вас.

Обично жените кои „плачат без причина“, плачат бидејќи се оптеретени од секојдневните ‘ситни’ причини кои им се насобираат и тогаш повремено се ослободуваат преку солзи: незадоволството од животот, недоволното внимание од сопругот (сетете се дека таа се омажила за вас а не за вашата куќа). Колку реченици дневно разменувате? Дали знаете дека постојат брачни парови кои во текот на денот не стигнуваат нити да разменат 4 реченици.

Каде е разговорот, дијалогот, убавиот збор, бакнежот, прегратката, заедничките мигови, прошетките, заедничките оброци? Што да се каже за жените кои „плачат без причина“ додека мажот нон стоп виси на компјутер и го крие телефонот од неа?

Жената е силно битие, ништо не може духоно да ја уништи и да и ја убие волјата за секојдневието како машкиот површен однос спрема неа. И не постои страдање и болка која таа не може да ја поднесе ако тој е тука во секој поглед. Мажите и жените стапуваат во брак едни со други. Ако им фали онаа дневна доза на љубов, бракот почнува да се суши како билка. И тогаш почнува паралелниот живот, секој на својата страна под еден покрив. Никој со никого, уствари, сите незадоволни.

Размислете добро за тоа ако забележите дека вашите сопруги „плачат без причина“..“

„Ти шепнувам како жена на жена“ – Сара Сабри

Прегледи:
814
Објавено на:
06.01.2020