Категории

Рамнодушноста е најопасниот инструмент – Мудра приказна која ќе ве замисли

Еднаш ѓаволот некако решил да ги продаде сите инструменти од својот арсенал. Уредно ги поставил во витрина за да можат да ги видат сите.
Колекцијата била импресивна: Тука се наоѓал блескавиот бодеж на Зависта, а покрај него се наоѓала завртката на Гневот, на другата полица лежел лакот на Жедта, покрај него живописно биле наредени отровните стрели на Похотата и Љубомората.
Тука било и оружјето Страв, Гордост и Омраза, а на сите стоела етикета за името и цената.

На најубавата полица, одвоена од сите инструменти, се наоѓал мал и наизглед неуреден дрвен клин на кого пишувало име – Рамнодушност. Зачудувачко е тоа што цената на овој инструмент била највисока од сите останати заедно.

Еден минувач го прашал ѓаволот зошто е толку висока цената на тој чуден клин.

-Го ценам повеќе од се, – одговорил ѓаволот – затоа што тоа е единствениот инструмент во мојот арсенал, на кој можам да се потпрам, ако сите откажат.

И тој нежно го погали дрвениот клин.

-Ако ми успее да го забијам тој клин во човековата глава, – продолжи ѓаволот, – тогаш тој ми ја отвора вратата за сите останати инсрументи…

Прегледи:
446
Објавено на:
06.01.2020