Категории

Драга жено, не си го пронашла своето срце на улица

Кога мажот гази по тебе и твоите чувства, стави крај!

Кога се видовте за прв пат, искрите почнаа да летаат на сите страни, а хемијата беше толку силна што се ви изгледаше толку фантастично.
Од фаталната телесна привлечност се роди страст која со текот на времето се претвори во љубов, а заедничкиот живот беше првиот логичен чекор?
Често се слуша дека љубовта е доволна за да се победат сите неволји и животот со другата личност да биде убав.

Но тоа не е така едноставно.
Кога се во прашање долговечните, вистински среќни парови, кои не се заедно поради навика, покрај љубовта воедно во пакет доаѓа и взаемната почит. Ако се сомневате дека вашиот партнер не ве почитува доволно, тогаш веројатно тоа е и вистината.

Ако сте се договориле за некој вид на „лабава“ отворена врска, би требало уште веднаш да ви биде јасно дека партнерот кој вистински ве сака и почитува, никогаш нема да ве изневери. Вистинската почит помеѓу партнерите подразбира почит, а таа не може да биде тука ако еден од нив влегува под туѓи чаршави.

Луѓето често мислат дека почитувањето значи да се дели исто мислење за се и секогаш да се сложувате во се. Во долгите врски, препукувањата па дури и повремените расправии, се вообичаени и всушност се нормални. Меѓутоа меѓусебното омаловажување и вреќање, погрдните зборови, обраќањето од висина, се јасни знаци дека вашиот партнер не ве вреднува како личност и немате никакво значење во неговиот живот.

Уште еден јасен идикатор на неговото почитување е неговиот однос спрема вас во јавност. Ако упорно избегнува да ве покаже во јавност, и на секој обид да ве запознае со родителите или пријателите, најоѓа некој нов изговор, време е да ви се запали алармот во главата.

За некој друг да ве почитува, прво треба да научите да се почитувате себеси. Затоа не дозволувајте никој да ве гази! Никогаш немојте да дозволите некој да ве изневерува и лаже, да биде груб и насилен спрема вас, никогаш не дозволувајте да го омаловажува вашиот изглед и вашето мислење. Немојте да дозволувате некој да ве тера да бидете она што не сте!

Прегледи:
560
Објавено на:
07.01.2020