Категории

Тешките времиња ги бришат лесните пријатели

Тешките времиња создаваат силни пријатели, луѓе кои можеби во почетокот ги немало, но кога сфатиле дека мораат да донесат некаков став во врска со тебе, тогаш одлучиле да останат покрај тебе, без оглед на се.

Всушност тие сами се бришат кога ќе сфатиш дека тоа не биле луѓе кои се цврсто одлучни да останат во твојот живот, туку само биле луѓе кои се нашле тука случајно, и се задржале се додека не настапиле тешките времиња.
Тешките времиња создаваат силни пријатели, луѓе кои можеби во почетокот ги немало, но кога сфатиле дека мораат да донесат некаков став во врска со тебе, тогаш одлучиле да останат покрај тебе, без оглед на се.

Тешките времиња ги бришат лесните пријатели. Оние минувачи кои тука поминувале секој ден, убаво те поздравувале а можеби понекогаш те изненадувале со нешто пријатно. Тешките времиња во нас ги оставаат најдлабоките лузни а тогаш се појавуваат тие мали и тивки луѓе кои ни пристапуваат со нежност и се обидуваат да ни ги видат раните. Тешките времиња најдобро ги отвораат очите тогаш кога реалноста веќе не е во некоја магла, туку е онаква каква што е и затоа е тешко да се прифати.

Во тешките времиња ги нема оние кои ласкаат, оние кои се доворуваат, тие заминуваат и се сокриваат во своите глувчешки дупки затоа што сфаќаат дека дошло време кога не можат да добијат ништо од тебе, а всушност тоа е време кога се добива смисла.

Но ако не би биле тие тешки времиња, никогаш не би знаеле кои луѓе доаѓаат за да останат во вашиот живот без оглед на се, кој ќе бидат тука да ви подадат рака и тогаш кога е ведро и тогаш кога настанува бурата.

Прегледи:
834
Објавено на:
23.01.2020