Категории

Бирај ме мене, секој ден, или пушти ме засекогаш

Не сум личност која би била со тебе ако ти сум само опција. Јас сум приоритет. Не избор, туку прв избор. Давам љубов кој очекувам да ми се врати со еднаква мера. Ако тоа не е така, не гледам смисла во врската.

Ако сакаш да ме имаш, треба да ме бираш повторно и повторно секој ден, или треба да ме пуштиш.

И знам дека тоа нема да биде лесно. Всушност веројатно е дека ќе биде тешко. Ќе има денови кога нема да се посакуваме еден со друг. Денови кога ќе ти се чини дека да ме сакаш и да ме прифаќаш е како качување по планина. Ќе има денови кога нема да сакаш да ме сакаш, а јас сеедно повторно ќе очекувам да ме сакаш.
Затоа треба да ме избереш дури и во најтешките мигови, или треба да ме пуштиш да најдам некој кој нема да си замине среде битка.

Не можам да ти ветам дека секој ден ќе бидат девојката од твоите соништа или дека секој ден ќе ни биде лесен и ќе поминува без труд. Некогаш ќе мораме да поминеме низ торнадо и низ сонце и дожд наместо низ виножито. Но вистинската предаденост на љубовта е љубовта која е вредна за желбата да се соочиш со неа.

Ми требаш да останеш со мене кога нашиот пат е трновит или сакам да ме пуштиш да го пронајдам сопствениот пат.
Гледаш, кога се работи за љубовта, никој не сака да признае дека нејзиниот темел е всушност изборот. Не е само хемиска реакција на некој прекрасен како во филм и не можеш да го контролираш тоа. Не е нешто што само тукутака се случува. Тоа е избор кој мораш да го направиш и кој вклучува друга личност.

Првиот чекор е одлука да сакаш да бидеш со некого, да одбереш да го сакаш.
Затоа и го зборувам сето ова. Ако кажеш дека ме сакаш и ако кажеш дека сум твоја, а ти мој, очекувам да ме одбираш секој ден.

Избери ме кога сум безлична или кога се е прекрасно и обоено со весели бои. Избери ме кога ни сама не знам зошто сум лута, но не сум забавна. Избери ме кога не можам да престанам да се смеам. Избери ме кога не ме препознаваш и кога не можеш да веруваш дека не сме сретнале порано. Избери ме. Прифати ме. Сакај ме. Без прашувања и без граници.

Избери ме секој ден, или засекогаш пушти ме.
Пушти ме да одам и да најдам љубов за која сонувам и за која се надевам. Пушти ме да најдам некој кој не се плаши од дождот, тагата и лошите времиња. Пушти ме да најдам личност која ќе биде со мене без оглед на се. Ако не си подготвен да ме избереш, не си подготвен нити да ме сакаш.
Навистина е едноставно. Избери ме секој ден или засекогаш пушти ме.
Мил мој, ти ветувам дека исто така ќе го правам сето ова, секој ден, за тебе.

Прегледи:
569
Објавено на:
01.02.2020