Категории

Човек треба добро да внимава кого го пушта во својот живот

Личностите на кои им дозволува пристап во најдлабоките предели ќе ја одредат не само неговата иднина, туку и неговата сегашност.

Личностите на кои им дозволува пристап во најдлабоките предели ќе ја одредат не само неговата иднина, туку и неговата сегашност. Ќе одредат дали сака да живее во мир и среќа или постојано ќе биде во некоја тивка борба со другите.
Личностите кои ги пушта во својот живот, на човек можат да му го претворат во рај или пекол. Тие ќе одредат дали тој наутро ќе се буди со насмевка на лицето или ќе се прашува како ќе преживее уште еден ден.

Човек треба добро да внимава кого го пушта во својот живот. Тие личности ќе одредат колку ќе може да биде свој, а колку ќе стравува од туѓото его, личност и наметнување и играње по неговиот ритам.
Ќе одредат колку еден ден ќе има убави спомени од минатото или постојано ќе се обидува да побегне од него. Колку и да биде силен и да мисли дека ништо не може да управува со неговите одлуки, невозможно е да не падне под никакво влијание на оние кои ќе му се приближат и незабележливо ќе му се вовлечат под кожа.

Колку ќе им дозволи на негативните луѓе да му се доближат, толку еден ден ќе се обидува да побегне од самиот себе, затоа што со пуштањето на некои луѓе во животот невозможно е да се спречи тие да ги променат неговите размислувања и чувства.

Затоа понекогаш одвојте се од се, и добро размислете каде ќе ги поставите границите, внатрешните прегради можат или да ви го уништат или да ви го спасат животот.
Ако на вратата од својот живот го закачите само срцето но не и разумот, еднаш ќе биде премногу доцна да се исчисти од се што сте примиле во него. Погрижете се за тоа порано!

Прегледи:
528
Објавено на:
03.02.2020