Категории

Тина Тарнер: „Најлесно е да се жалите, сфатете ги овие нешта“

Тина Тарнер е светска дива која ги инспирирала многу жени ширум светот преку своите приказни и дела навела многу жени да бидат посилни отколку што се. 

Тина Тарнер кога имала 38 години, успеала да побегне од мажот кој ја злоставувал. Таа оставила се: кариерата, парите, децата и побегнала од него. На 38 годишна возраст морала да почне се од почеток. Немала ничија поддршка нити помош, морала да се потпре самата на себе. И биле потребни шест години за да застане на свои нозе. Се што постигнала, направила сама, без ничија помош.

Таа ги сподели овие нешта после трауматичното случување: „Животот е краток – никогаш не знаеш колку далеку можеш да истуркаш ако не се обидеш. Не размислувај за минатото – тоа само те кочи. Кариерата мораш да ја развиваш од дваесеттите па се до триесеттите да имаш работно искуство кое ќе ти помогне.

Ако не работите на себе, ќе дојде некој и ќе ве прегази и покрај сите тие години искуство. Прашајте за помош и немојте да се плашите.

Денешниот свет се врти околу изреката – Ти мене, јас тебе или Раката рака ја мие. Тргувањето со услуги денес е поактуелно и поценето од било која трговија со производи. Не плашете се да побарате помош затоа што никогаш не знаете каде ќе ве одведе таа. Само барајте и ќе ви биде дадена.

Вие не сте заглавени во оваа лоша ситуација: Застрашувачки е да се остави работата и да се почне од почеток, но ако не сега – кога?
Секоја промена е добро нешто. Од неа настануваат животните лекции. Најлесно е да се кука и да се моли Бог нешто да се промени. Морате да си помогнете сами.“

Прегледи:
453
Објавено на:
15.02.2020