Категории

Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзи

Урнебесни изјави на најмалите кои ќе насмеат и расположат

Детските бисери се генијални и знаат да не насмеат како ништо друго, особено кога си слушаме од устите на нашите малечки. На едно место ги собравме едни од најоригиналните изјави кои успеавме да ги пронајдеме на друштвените мрежи и видеата во кои децата зборуваат на различни теми.

-Повеќе ја сакам сестрата на мама отколку мојата. Сестрата на мама ми е тетка, а мојата не ми е ништо!

-Мојата мама има бебе во стомакот, но не знам како го голтнала.

-Кога двајца заљубени ќе се бакнат за прв пат, одма се уморуваат и не можат да станат најмалку еден час а може и повеќе.

-Полуостров е остров кој сеуште не е направен до крај.

-Баба е дебела затоа што е полна со љубов.

-Девојчињата не можат да мочкаат стоејќи затоа што немаат за што да се држат.

-Кога баба ја болат забите, таа едноставно ги остава во чаша.

-Еднаш бев толку болна и имав 40 кила температура.

-Јас повеќе немам баба, неа ја испратија на гробишта.

-Дали и мајките мораат да јадат трева за да имаат млеко?

-Како се вика бебето на коњ? – Знам, коњаник!

-На Марс има живот но тоа е само хипотенуза.

-Швајцарските крави се користат за правење чоколада.

-Жителите на Сардинија се викаат Сардини.

-Кога мојот мал брат се роди мораа да го стават во акумулатор.

-Пеперутката е исект од семејството хеликоптери.

-Не знам колку години имам, тие постојано се менуваат.

-Сите кучиња сакаат вода, некои толку многу што живеат во неа. Тоа се морски кучиња.

-Аквариумот е мало стаклено море каде што живеат домашните риби.

-Алиментација е плата за децата кога таткото ќе се пресели.

-Посвојувањето е подобро од раѓањето, така родителите самите ќе можат да си одберат дете и не мораат да го прифатат баш она кое што го добиле.

-Папата живее во Вакум.

-Кравите не смеат да трчаат брзо за да не им се истури млекото.

-Мажите можат да се оженат само со една жена а тоа се нарекува монотонија.

-Кругот е тркалезен квадрат.

-Не знам зошто мама се налути кога ја скршивме вазната, таа и онака беше стара и кинеска, а не наша.

-Баба замина на оној свет, сега и ние имаме некој во странство.

Прегледи:
1435
Објавено на:
15.02.2020