Категории

Зошто парите треба да ги трошите на искуства, а не на нешта

Кога работите напорно секој ден и со тешка мака и труд заработувате голема сума на пари, морате да бидете сигурни дека ги трошите на вистински нешта. Потрошете ги своите пари а она што ќе ве направи среќни на долга патека, ова го потврдува науката.

Парадоксот на поседување:
Дваесетгодишната студија на Др. Томас Гилович, професор по психологија, достигна силен и конкретен заклучок: Немојте да ги трошите своите пари на материјални нешта кои не ви се потребни. Проблемот со материјалните нешта е дека среќата од шопингот брзо избледува.

Постојат три критични причини поради тоа:
1.Брзо се навикнуваме на „нешто ново“ што поседуваме. Она што во продавница ни се чинело атрактивно и возбудливо, по враќањето дома кога ќе го извадите од кесата тоа станува сосема обично нешто.
2.Со секое купување го подигнуваме нивото на нашите потреби и нашите очекувања. Штом ќе се навикнеме на новите чевли кои сме ги купиле минатата недела, веќе тргнуваме во потрага по нов пар.
3.Поседување, во својата природа, поттикнува споредба. Купуваме нова кола и воодушевени сме од неа се додека пријателот не купи подобра. А секогаш се наоѓа некој кој има подобро, поскапо и поново нешто од вашето.

„Еден од главните непријатели на среќата е споредувањето“, вели Гилович. „Купуваме нешта за да бидеме среќни и успеваме. Но само на некое време. Новите нешта ни се возбудливи во почетокот, но потоа се навикнуваме на нив.“

Парадоксот на поседување е претспоставка дека среќата која ја добиваме од купувањето трае додека го имаме тоа материјално нешто. Се чини дека интуитивно веруваме дека вложувањето во нешто што можеме да го видиме, слушнеме и трајно допреме, донесува најдобра вредност. Но тоа не е во ред.
Моќта на искуството е многу поголема од поседувањето. Зошто? Пред се, искуството е трајно. Тоа станува дел од нашиот идентитет. Ние не сме она што го поседуваме но затоа се градиме себеси поради она што го гледаме, слушаме, поради местата и луѓето кои ги запознаваме, и поради новите нешта кои ги правиме.

Исто така, ние не ги споредуваме искуствата на ист начин на кој споредуваме.
Антиципациајта е доста важна. Ние уживаме во новите искуства од самиот почеток, почнувајќи од фазата на планирање, па се до спомените кои ги стекнуваме во текот на патувањето.
Кога следниот пат бирате помеѓу одењето на планина за викенд или купување на нови чизми, одберете патување. Ќе бидете многу посреќни, вели науката.