Категории

Бизнис стајлинг без маана: Изгледајте беспрекорно како Викторија Бекам на работното место!

Уште една одлична комбинација

Деловната опкружување бара формална гардероба, а Викторија Бекам облечена вака изгледа како вистинска модна икона.

Класичните парчиња кои никогаш не излегуваат од мода во нејзина режија изгледаат феноменално. Таа е вистински пример за тоа како можете да се облечете за следниот работен ден.

Ако се мачите со избор на стајлинг, следете го нејзиниот пример и сигурно ќе добиете многу пофалби на рачун на вашиот изглед.

Викторија избра црни ѕвонарки кои во моментов се вистински моден хит. Добрата работа кај овој модел на панталони е што на сите им стојат совршено, а бидејќи се црни, нозете изгледаат повитко.

Белата кошула совршено се вклопи, а со каишот и часовникот ја надополнија целата модна комбинација.

Косата врзана во реп, малку брановидна е идеален избор за деловно опкружување и за оставање впечаток на успешна деловна жена.

Прегледи:
496
Објавено на:
22.02.2020