Категории

Татковци, учете ги вашите синови да ги сакаат жените и да ги третираат со почит

Да се однесуваат кон нив како кон објекти на страст туку како кон живи суштества кои се вредни за почитување и восхит.

Татковци,
Учете ги своите синови да ги сакаат жените. Но не само како објекти на страста, туку како живи суштества вредни за почитување и восхит.

Не дозволувајте им да заборават каде настанале, каде пораснале и под чии ребра биле кога срцето им почнувало да чука. Не дозволувајте им да заборават дека женската утроба ги чувала од се кога биле најранливи и им давала сила тогаш кога биле најслаби. Зборувајте им дека женската матка ги успивала, тешела, штитела, хранела и оспособувала да бидат она што се денес – луѓе од крв и месо.

А ако денес поради грешка станале едни од оние мажи кои жените ги нарекуваат слаби, ги потценуваат, тоа сето оди на сметка на нивните мајки кои се кинеле на парчиња за нив да им дадат дом.

Жените, како и сите луѓе, слаби се само онолку колку што им дозволуваат тоа да го видат другите. А силни, најчесто во сопствената тишина, толку што можат да го посрамотат и најсилниот маж.

Прегледи:
745
Објавено на:
27.02.2020