Еве што можете да носите во сезоната која ни претстои
Доаѓањето на пролетната сезона ќе ни донесе и многу новитети во светот на модните трендови. Најтоплата зимска гардероба, џемперите и капутите полека ќе ги замениме со јакни и фини материјали. На модната сцена ќе доминираат тексас фармерките со рамен крој како официјален симбол на лежерниот стил, тука ќе бидат и раскошните блузи со балон ракави, сукњите во плисиран стил и цветни дезени, а најмногу ќе се истакнат миди фустаните во комбинација со рамните „балерина“ чевли.
Ви споделуваме неколку одлични тренд стајлинзи кои можат да ви послужат како модна инспирација оваа пролет.