Категории

Колекцијата на Валентино за есен/зима 2020: Доминација на црната и огнено црвената боја

Модната куќа Валентино ја претстави својата колекција за облека за есен/зима 2020. година на Модната недела во Париз.

Ако ја земеме в обзир оваа ревија, во студените месеци ќе носиме претежно црна боја. Но, љубителките на смелите бои на треба да се грижат – монотонијата ќе ја разбиеме со огнено црвената боја!

Без разлика дали станува збор за само детаљ или целата комбинација, тоа ќе биде апсолутен хит. Ретките модели кои беа претставени во други бои исто така беа претежно украсени со црвена нијанса или прошарани со црни детаљи.

Прегледи:
771
Објавено на:
03.03.2020