Категории

„Кожа како облак“ е новиот тренд во светот на убавината

Спрема најновите вести од beuaty стручњаците го најавуваат новиот тренд наречен ‘cloud skin’ кој промовира кристално чиста кожа кој делува рефлектирачки речиси прозирно.

Овој изглед може да се постигне прилично лесно. Завршниот изглед е всушност баланс помеѓу суптилниот сјај и непроѕирната, мат кожа.
Овој тренд се однесува на кожата која сака хидратација, но не изгледа претерано влажно како кај трендот ‘glass skin’.

‘Cloud skin’ се базира на користење производи во прав и седефасти кремасти текстури инспирирани од небото, од излегувањето до заоѓањето на сонцето.
Овој нов тренд е хибрид на производи за нега на кожа и шминка.

Поентата е во тоа на лицето да се нанесе масло за нега на кожата како прајмер, а врз тоа се нанесува мудра во минимални количини. Изгледот мже да се заклучи со доста минимална количина пудра во прав. Меѓутоа не смее да се нанесува на цело лице, односно, само на подрачјата кои се осбено масни.

Оваа техника создава изглед на облак затоа што мат пудрата во комбинација со хидратантни својства на маслото остава дојам мекотија и леснотија.
Ако не сте обожавател на масла за лице, можете да испробате со хидратантна крема.

Прегледи:
507
Објавено на:
04.03.2020