Категории

Научи своите рани да ги запишуваш во песок, а среќата да ја врежуваш во камен

Поучна приказна со силна поука која секогаш треба да ја применувате

Приказна за двајца пријатели кои оделе низ пустина. На патот тие се спречкале и едниот го удрил другиот. Удредиот се почувствувал повредено, но маката ја напишал во песокот.

-Денес добив удар од мојот најдобар пријател.

Продолжиле да чекорат така се додека не наишле на една оаза каде одлучиле да се искапат. Оној кој добил удар за малку не се удавил додека се капел, но животот му го спасил тој другиот. Кога дошол при себе, случката ја врежал во еден камен.

-Денес мојот најдобар пријател ми го спаси животот!

Оној кој го удрил својот најдобар пријател запрашал: Кога те удрив, пораката која ја напиша во песокот сега ја врежа во камен. Зошто?
Пријателот му одговорил: Кога некој ни направи нешто лошо, тоа треба да го запишеме во песокот за ветрот да го избрише, но кога некој ќе ни направи нешто добро, тоа треба да го врежеме во камен за никој и ништо да не може да го избрише.

*Научи своите рани да ги запишуваш во песок, а среќата да ја врежуваш во камен.

Прегледи:
562
Објавено на:
12.03.2020