Категории

Слушаме препораки и вежбаме од дома со PowerHouse Pilates! (ВИДЕО)

Поради новонастанатата ситуација со коронавирусот и сѐ со цел што поголема заштита и побргу враќање во студијата за вежбање, PowerHouse Pilates како пилатес центар кој првенствено се грижи за здравјето на своите клиенти, ги почитува препораките и нема да работи до 24. март, следејќи ја понатамошната ситуација. Но, тоа не е причина да се запостави физичката кондиција и желбата за вежбање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Токму затоа, тимот на PowerHouse Pilates има подготвено за вас видео клипови со чија помош може да ги изведувате посакуваните вежби на правилен начин и да останете мотивирани за вежбање и во својот дом.

Грижете се за своето здравје, почитувајте ги препораките и секако, искористете го слободното време за вежбање и одржување на вашата форма.

Прегледи:
761
Објавено на:
13.03.2020