Категории

Досадно ви е во самоизолација? – Еве што интересно можете да правите

Работа од дома, лежење во кревет со компјутерот по цел ден, минимум час време спиење подолго, опуштање.. Делува како идеално, но само првите три дена а потоа почнуваат да ве фаќаат нерви? Еве што да правите..

Од секоја ситуација треба да знаете да го извлечете максимумомт. Ова е одлична ситуација која ќе не научи на многу нешта. Пред се, ќе научиме да ги цениме нештата кои претходно ни делувале толку вообичаени. Ќе научиме да се охрабруваме и да се радуваме себеси.

Еве кои нешта можете да ги правите додека седите дома и чекате да помине сето ова и конечно животот да се врати во нормала.

Редење сложувалка
Од кога не сте ределе сложувалка? Веројатно од детството. Но дали знаете колку тоа може да биде запавно? И особено е возбудливо доколку сложувалката има многу делови, па тука има и малку нервирање но секако тоа е мала вежба за вашиот мозок. Рубиковата коцка исто така можеда биде адекватна занимација.

Погледнете ги оние филмови кои траат многу долго
Сигурно имате некои филмови на листата кои траат баш долго па сте ги избегнувале одамна бидејќи не сте имале доволно време. Епа сега е вистинското време да ги изгледате. Исто така и оние кои имаат неколку делови, веќе ништо не ве ограничува.

Започнете со учење на некој странски јазик
Почнете со усовршување на англискиот доколку не ви оди баш добро. Сега има многу апликации кои ви нудат учење на странски јазици потполно бесплатно. Кога ако не сега е вистинско време за да го научите омилениот јазик кој отсекогаш сте сакале да го знаете?

Погледнете ги сите епизоди на „Пријатели“
Кога сме кај оваа култна серија, ако досега не сте ги гледале никогаш, сега е вистинско време. Ќе се смеете и ќе ви биде пријатно додека ги гледате. Нивната атмосфера ќе направи да се чувствувате подобро. Хуморот е вистински урнебесен, а оваа серија дефинитивно го поправа расположението.

Негувајте се себеси
Пробувајте маски за лице и коса, средете ги веѓите, ноктите, направете си купка, пробувајте различни makeup изгледи гледајќи туторијали на youtube, запалете миризлива свеќа и направете си спа третман во сопствениот дом.

Вежбајте со помош на видеа
Теретаните се затворени и што сега? Воопшто нема потреба за грижа, на youtube постојат илјадници видеа за вежбање во домашни услови кои нудат детални упатства. За јога не ви требаат реквизити, а ако имате двор – уште подобро.

Пишувајте – дневник, поезија, приказни, биографија..
И пишувањето ослободува подеднакво добро како и вежбањето. Пишувајте се што ви е на душа. Пишувајте за самите себеси, или напишете писмо на некого на кого отсекогаш сте сакале, пишувајте поезија, проза..

Средете го плакарот од непотребната гардероба
Сега е вистинско време да се ослободите од онаа облека која никогаш не ја носите а само ви одзема простор. Пуштете си музика и започнете со „чистење“.