Категории

Пилинг за лице во домашни услови: Негувајте ја вашата кожа преку советите на студио La Sensa

Еден од најважните чекори при негата на кожата и одржувањето на нејзиниот здрав и нежен изглед е длабинското чистење кое може да се постигне со помош на пилинг.

По завршувањето на студените денови кожата бара особена нега. Најдоброто решение за нејзиното одржување е посетата на козметичко студио. Но, поради ситуацијата во која се наоѓаме моментално, доколку не сте во можност негата за вашето лице да ја препуштите на професионалниот тим од студиото за убавина La Sensa, ви споделуваат домашна маска од три состојки кои ќе ви помогне да ги елиминирате сите нечистотии, мртви клетки, митесери и акни и да му ја дадете потребната хидратација на вашето лице.

Кокосовото масло е доста благотворно и лековите. Бројни студии покажале дека е незаменливо во исхрана на луѓето, и поседува бројни лековити својства и за кожата поради што е едно од главните состојќи во многу козметички производи.

Потребни состојки за пилинг од кокосово масло:

  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица кафеав шеќер

За крај исплакнете со млака вода и нанесете ја вашата секојдневна хидратантна крема за да не се изгуби влажноста и свиленкастиот сјај на кожата.

Доколку го практикувате овој пилинг еднаш во неделата, вашата кожа ќе биде свежа, негувана и лесно ќе ги отстраните сите мртви клетки од неа.

Покрај пилингот, особено е важно да се посвети внимание на регијата околу очите, односно подочниците како чувствително место каде што најлесно се појавуваат брчки и отоци. Затоа, тимот на студиото за убавина La Sensa ви ги препорачуваат следните чекори за нега на овој дел од лицето.

Измасирајте ја регијата околу очите со раце или туфери натопени со чај од камилица со нежни кружни движења. Покрај тоа што ќе почувствувате освежување, подочниците ќе се намалат и ќе добијат влажност која ќе ја спречи појавата на брчки.

Домашната изолација може да биде одлична за да се посветите на себе и својот изглед. Одморете го лицето, слушајте ги советите на стручните лица, а La Sensa ќе ве советува како да го негувате секој дел од вашето тело.

Прегледи:
582
Објавено на:
10.04.2020