Оној кој се плаши да остане сам со себеси, никогаш нема да пронајде мир и среќа!
Вистински пред самиот себеси, со симната маска затоа што повеќе не е потребно да глуми. Тоа е лицето без лажни изрази и уметнички насмевки затоа што само тогаш е свесен дека сето она кое го прави – го прави поради другите, и тоа е она кое го уништува.
Човек е она кое што останува од него кога е сам, тогаш ја покажува својата слабост и сета своја сила, на тоа место испливуваат сите сеќавања, најискрени мисли, сите негови чувства кои ги потиснува. Само тогаш го живее својот вистински живот.
Во потполната тишина човек се пронаоѓа себеси. Само тогаш е искрен со себе и ги разбира своите мисли. Тогаш се раѓаат неговите мотиви и причини со кои не сака да се соочи кога е во гужвата. Во самотијата се соочува со своите најголеми стравови, тогаш тие се пореални од било што друго.
Човек е вистинскиот само кога е сам. Кога е во толпата, бега од самотијата криејќи се во масат. Но кога помеѓу сета таа гужва се почувствува сам, кога се што го опкружува се само луѓе кои му нанесуваат болка и предавство, сфаќа дека сепак самотијата и не е така осамено и мрачно место. Таа е најбезбедното место во кое нема закана. Од таму започнува се, и неговиот нов живот во кој само тој може да господари.