Категории

Вашата иднина зависи не од она кое го правите повремено, туку од она кое го правите секој ден

Она што е вистински важно е истрајноста и трпението, секој ден се брои и она што го правите во тој ден дава резултати на долгорочни патеки

Многу луѓе постојано читаат книги за подобрување и промена на својот живот или посетуваат разни семинари и често после некое време кога ќе се вратат во своето секојдневие се разочарани затоа што ништо големо не се променило. Едноставно не може да се промени ништо затоа што една важна случка не може да ја промени сета реалност. Реалноста се менува само преку она кое го правите секој ден.

Не е важно она кое го правите повремено, важно е она кое ќе одлучите да го правите секој ден и тогаш кога немате сили и мотивација, и тогаш кога ви е преку глава од се. Важно е она за кое се одлучувате и тогаш кога чувствувате неверојатен страв, без оглед на тоа и колкави сомнежи да имате. Важно е да не се исложувате себеси на неуспех, да зачекорите во непознатото затоа што само преку тоаможете подоцна да постигнете успех.

Важно е никогаш да не престанете да правите промени во нештата кои сметате дека не треба повеќе да се одвиваат на начинот на кој се одвиваат. Важно е што превземате во врска со оние нешта кои премногу ве заплашуваат дури и да размислувате за нив.

Она што е вистински важно е истрајноста и трпението, секој ден се брои и она што го правите во тој ден дава резултати на долгорочни патеки.

Прегледи:
375
Објавено на:
01.05.2020