Категории

(ФОТО) Меланија Трамп грациозна во летен елегантен фустан одржа модна лекција за сите дами

Фустан со миди должина кој ја прати линијата на телото, високи потпетици и совршено исфенирана коса – Меланија Трамп им одржа модна лекција на сите дами во 50-тите

Откако минатата недела накратко ја напуштија Белата куќа со цел да ја одбележат 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна со полагање на венец во Националниот трговски центар во Вашингтон, претседателскиот пар Трамп во дворот на Белата куќа одлучи да организира свечена церемонија на доделување признанија на сите оние кои со својата работа помогнаа во борбата со пандемијата на коронавирусот во САД.

Пред бројната присутните на свечената церемонија во Белата куќа, 50-годишната прва дама на Америка, Меланија Трамп пристигна видно расположена држејќи се за рака со сопругот а со својот моден избор повторно ја оправда титулата за една од најдобро облечените дами на денешницата.

Овој пат Меланија избра фустан која ја прати линијата на телото со миди должина со потписот на Jason Wu чии креации редовно ги носеше и претходната прва дама, Мишел Обама.

Фустанот за кој Меланија се одлучи, американско-тајванскиот дизајнер го претстави во колекцијата пролет/лето 2018 година и иако веќе не се наоѓа на продажба, неговата оригинална цена е 1500 евра.

Освен кројот кој совршено ја истакна нејзината фигура, фустанот со цветен дезен го надополни со салонки во портокалова боја со потписот на нејзиниот омилен дизајнер Manolo Blahnik.

Прегледи:
631
Објавено на:
18.05.2020