Категории

(ФОТО) Како на стилски начин да го „покажете“ градникот без тоа да изгледа невкусно

Новите модни трендови ги кршат сите табуа околу долната облека и познатото правило дека таа треба да остане сокриена

Уште на самиот почеток да разјасниме дека постојат градници кои се наменети со цел да бидат видени и да бидат дел од стајлингот со цел да го надополнат и да го направат по „кул“ и стилски.   Но исто така постојат и одреден тип на градници на кои не им е намената да бидат дел од видливата гардероба, но сепак ги користиме за тоа, затоа што се преубави.

Конечно дојдоа тие денови кога познатото табу е срушено и кога можеме да покажеме дел од долната облека без тоа да изгледа вулгарно, непривлечно и невкусно.

Бидејќи секогаш постои можност овој тренд да отиде во грешна насока и да се постигне токму спротивниот ефект, ние ви споделуваме неколку одлични модни предлози кои ќе ви покажат како на вистински начин да го носите „видливиот“ градник и сето тоа да изгледа супер стилски и елегантно.