Категории

Не можеш да натераш некој да те сака – Но можеш да ги сакаш уште повеќе оние кои веќе те сакаат

Не моли за нечие внимание и не моли за нечие срце. И колку љубов да му подаруваш некому, никогаш нема да можеш да го натераш да те сака, тие нешта не се одвиваат на тој начин.

Престани да се задоволуваш со трошки од нечие внимание и љубов, кога те убедува дека дава се од себе и тоа е најдоборото кое може да ти го пружи. Тоа е лага. На оној кому вистински му значиш ќе го вложи сето свое време, внимание и трпение – се останато е само изговор и доказ дека сето тоа всушност му припаѓа на некој друг, а не тебе.

Престани да создаваш бајки онаму каде што ги нема, престани да живееш во соништа и соочи се со вистината. Затвори ги ушите на нечии ветувања и отвори ги очите на неговите дела, тие ја зборуваат вистината.

Не моли за нечие внимание и не моли за нечие срце. И колку љубов да му подаруваш некому, никогаш нема да можеш да го натераш да те сака, тие нешта не се одвиваат на тој начин.
Посвети се на себеси и на оние кои се секогаш тука за тебе. Оние кои не заминуваат дури ни во најтешките мигови, дури ни кога забораваш на нив, оние кои те разбираат и тогаш кога се обидуваш и самиот да се разбереш себеси.

Среќата не е едносмерна улица. Мораш прво да ја пружиш за да ти биде возвратена. Сакај и ќе биде сакаш. Пружи ги своите раце само на оние чија прегратка е секогаш отворена за да те пречека.

Прегледи:
565
Објавено на:
27.05.2020