Категории

(ФОТО) Нереална убавица – Ова е девојката со најтемна кожа на светот

Моделот Нијаким Гатвек од Јужен Судан е девојката која плени со својата несекојдневна убавина, таа има најтемна кожа на светот.

Јужен Судан – Земја во која луѓето имаат толку темна кожа што нема да можете да си верувате на сопствените очи. Толку темна кожа и толку бели заби.
„Колку многу ја сакам својата земја, своите луѓе и се што потекнува од тука. Неодамна еден возач на Uber ме праша: „Немој да се навредиш, но ако некој ти даде 10,000 долари, дали би ја избелила својата кожжа?“ Не можев да се воздржам да одговорам од тоа колку се смеев. Тогаш му реков дека претпоставува дека тоа значи не. Реков дека секако не би го направила тоа, зошто би го избелила својот прекрасен меланин со кој Бог ме благословил? Тогаш ме праша дали тоа го сметам за благослов. Не би верувале какви се прашања добивам и како ме гледаат поради мојата боја на кожа.“

 

Овој 24-годишен модел од Јужен Судан храбро ги руши предрасудите за разноликоста ширум светот и ја шири позитивноста за убавината каде и да се најде.

„Убавианта е во окото на посматрачот. Мојата чоколада е елегантна. Како и она што го претставува. Претставувам нација на борци. Можете да видите на мене. Мајка Африка. Моите корени допираат длабоко!“

 

 

Нијаким го користи својот Инстаграм профил на моќен начин за да ги потсети своите илјадници следбеници дека темната кожа е нешто кое треба да се слави. Таа споделува фотографии кои го одземаат здивот со силни пораки со цел да ги охрабри другите да го прифатат својот тен и боја на кожа без оглед на количината меланин.

„Ништо не е толку моќно како кога ви е удобно во сопствената кожа!“ – напиша таа во една објава.
„Црното е гордост, црното е прекрасно, црното е злато. Не дозволувајте америчкиот стандард да ја уништи вашата афричка душа.“