Категории

(ФОТО) Самохран татко облечен како балерина ги руши стереотипите за татковците и ќерките

Тој изјави дека никогаш претходно не направил вакво нешто но бил повеќе од среќен да го направи тоа за неговата малечка принцеза.

Кејси Филдс за себе вели дека е мачо-маж. Но овој самохран татко од Тексас беше пресреќен да се облече како балерина со цел да и приушти незаборвна фотосесија на својата 1-годишна ќерка Лејла за кога таа ќе порасне.

Фотографиите кои ги направи Џен Флојд станаа вирален хит а Кејси со тоа се надева дека ќе им покаже на сите татковци ширум светот дека е „во ред за мачо-маж да стави ‘туту’ на себе и да си игра со својата ќерка“

Тој изјави дека никогаш претходно не направил вакво нешто но бил повеќе од среќен да го направи тоа за неговата малечка принцеза.

„Таа е мојот свет, таа и јас се забавувавме премногу. Јас се сметам себеси за мажествен маж но за неа би ги сторил и најлудите нешта, ќе заборавам на се и едноставно ќе бидам само нејзин татко.“

Прегледи:
605
Објавено на:
04.06.2020