Категории

Косата е најубавиот украс, погрижете се да биде негувана во секој момент: 50% попуст за фенирање во La Sensa

Велат дека косата е клучниот фактор на добриот изглед. Доколку сакате вашата коса во секој момент да биде беспрекорна, студиото за убавина La Sensa има изненадување за вас. Во периодот од 02.06.2020 до 13.06.2020, добивате 50% попуст за секој закажан термин за фенирање.


Не ја изложувајте косата на штетни влијанија и хемикалии, закажете го вашиот термин во La Sensa и дозволете професионалци да се грижат за вашата коса користејќи најквалитетни препарати. Покрај тоа, ви даваме неколку совети како да ја негувате вашата коса и во домашни услови.

1. Доколку сакате косата да не ви биде разлетана, нанесете спреј за коса на чиста четка за заби и поминете низ деловите од косата кои сакате да ги смирите.

 

2. Треба да се фарбате? Три денови претходно користете маска за коса за фарбата подобро да се задржи на вашата коса.

3. Постојат одредени намирници кои го забрзуваат растењето на косата. Тоа се: лосос, жолта пиперка и јајца.

4. Никогаш не користете четка на мокра коса. Ова се однесува на оние четки со ситни запци, бидејќи со нив ќе ја оштетите косата.

5. Наместо сушење на косата со пешкир, користете крпа или маица од памучен материјал. Со сушењето на косата со пешкир додека ја триете косата предизвикувате нејзино кршење, додека тоа не е случај со памучниот материјал.

6. Серумите за коса користете ги исклучиво на краевите на косата, не на темето, бидејќи косата на тој начин ќе стане масна.

7. Спијте на свилени навлаки за перници, само на нив ќе се одмори и вашата коса.

Покрај фенирање и шишање, студиото за убавина La Sensa нуди многу други услуги за нега на косата, а на вас е само да го закажете терминот кој најмногу ви одговара и да ја освежите косата пред почетокот на топлите летни денови.

Прегледи:
698
Објавено на:
04.06.2020