Категории

(ФОТО) Летен хит: Овој модел на фустан ќе го носите во секоја прилика

За лежерни, деловни и вечерни изгледи. Фустанот-кошула и оваа сезона ќе го носиме секогаш и секаде.

Од обожаваните класики кои секогаш повторно се истакнуваат како основа во гардеробата и како добар почеток за секоја комбинација до најновите трендови кои внесуваат освежување во гардеробата и даваат ефектен изглед во секоја комбинација, пролетната и летната сезона и оваа година донесоа раскошна модн априказна со која владее богатата палета на бои, прозрачни силуети и лесни материјали.
Главниот хит кој ќе обожаваме да го носиме оваа топла сезона се фустаните-кошули кои одлично се вклопуваат во дневни и вечерни изгледи, без оглед на тоа дали сакате да постигнете кежуал или елегантен изглед тие се совршено модно парче кое морате да го поседувате во вашата гардероба.

Прегледи:
664
Објавено на:
08.06.2020