Категории

Сакајте кога сте подготвени, а не кога сте осамени

Би се откажале од љубовта поради тешкотиите кои ги чувствувате кога ќе останете сами.

Животот со текот на времето се успорува, додека времето истовремено се забрзува – еден од парадоксите со кои се соочувате, особено кога сте сами и загледани во себе и своите минати искуства. Размислувате за тоа дали сте ги пропуштиле сите вистински нешта, или сте ги сфатиле здраво-за-готово кога сте ги имале, не сте ги препознале и сте мислеле дека ќе ги имате и сега, а сега некој миг од минатото би можел да го промени правецот на вашиот живот, доколку би биле свесни за тоа.

Можеби би прифатиле некој партнер кои не бил многу по ваша мерка, само да не би останале сами. Можеби би ја промениле самотијата за самотија во врската, а тоа и не е баш паметна размена. Правејќи пресметки со својот ум, можете да се убедите себеси дека љубовта е само идеал, ко не може да се достигне, дека сте го достигнале врвот на својот живот и дека немате нити права нити можности да бидете толку пребирливи и дека потрагата по сродна душа е илузија и дека секој пристоен партнер можете да го почитувате и сакате

Би се откажале од љубовта поради тешкотиите кои ги чувствувате кога ќе останете сами.

Вистина е дека можете да засакате некој кој е добар, стабилен, верен и не ви создава многу проблеми, дека можете да го поднесувате, па дури и да уживате со него, но вистината е дека тоа не е онаа љубов која можеби сте ја претчувствувале, препознале а можеби и доживеале и вистината е дека тоа е всушност компромис. И тоа онаков кој го правите со својата душа, прифаќајќи половината од неа да ја препуштите на изгладнувањето, осудувајќи го своето срце на тешкотии кои не може да ги поднесе.

Не, не е нормално да се прави компромис со душата, тоа е само очајнички потег. А со очајот и стравовите не можете да направите нормални избори. Осамени сте. Немате со кого да го споделите внатрешното богатство и својата способност за љубов. Тоа е вистината моментално. Но тргнете од таа позиција тоа внатрешно богатство и потреба да го споделите со некој кој го сака истото што и вие, затоа што има што да пружи и сподели, а не затоа што е сам и исплашен. Започнете од љубовта и само така ќе се движите кон неа.

Прегледи:
508
Објавено на:
15.06.2020