Категории

Не барајте да ја здогледаат вашата внатрешна убавина оние кои ја изгубиле својата

Тие не гледаат на другите луѓе како на човечки суштества, туку како на пиони на шаховска табла кои ќе им послужат за да ја остварат својата цел. Залудно е да барате од нив да чувствуваат нешто за вас, да ве сакаат и ценат, кога тие немаат такво мислење нити за себе.

Насекаде околу нас, лица кои и не се лица. Лажен сјај под кој се насобрала прашина. Празнината не може да ја пополни празнина. Луѓето кои немаат внатрешна убавина нема никогаш да можат да ја забележат вашата. Такви чии души се премногу исполнети со омраза, завист и злоба, во нив нема никогаш да има место за убавина. Како да се алергични на неа.

За нив се во животот претставува игра. Игра на маски, измама и искористување. Тие не гледаат на другите луѓе како на човечки суштества, туку како на пиони на шаховска табла кои ќе им послужат за да ја остварат својата цел. Залудно е да барате од нив да чувствуваат нешто за вас, да ве сакаат и ценат, кога тие немаат такво мислење нити за себе.

Не барајте љубов од луѓе кои не веруваат во неа, кои сметаат дека моќта е најважното нешто. Престанете да очекувате од нив да ги согледаат сите ваши бои кога тие се навикнале да живеат во црно бел свет. Внимавајте од кого очекувате да ја здогледа вашата внатрешна убавина, кога тие ја изгубиле својата.