Домашна маска за лице од само две состојки која преку ноќ ќе ви ја направи вашата кожа блескава и освежена
Ноќните маски се идеални кога немате време во текот на денот да му се посветите на кожата на лицето. А што е подобра од тоа кога во својата кујна ги имате намирниците кои ќе ви послужат во тоа. Со помош на оваа маска која можете да ја нанесете ноќе пред спиење, изутрина ќе се разбудите со свежо и одморено лице.
Потребни состојки:
- 1 лажица мед
- 1 домат
Испасирајте го доматот во сад додека да добиете паста и додадете 1 лажица мед. Добро измешајте ја смесата и нанесете ја на лицето. Преку маската нанесете хартија целофан.
Претходно испробајте ја оваа маска така што ќе ја нанесете на лицето и ќе оставите 15 минути, доколку не ви предизвикува алергија можете да ја користите како ноќна маска.