Категории

Остварената и успешна жена ги поседува овие особини

Кои се главните одлики на жената која знае што сака од животот и не се плаши да посегне по тоа

Независна е во секоја смисла на зборот
Ваквите девојки уште од рана возраст сонуваат како ќе го изградат својот живот. Не се плашат да одат во друг град или земја за да се школуваат, развиваат и растат.

Од мали нозе знае дека може да се довери само на себе
Таа не смета дека некој и должи нешто и дека и е загарантиран прекрасен живот. Таа едиствено верува во сопствените напори, можности и способности.

Таа не бара помош
Можеби ќе побара но тоа значи дека веќе анализирала и се обидела на сите други начини за да дојде до решение и се уверила дека не може да го реши проблемот сама. Таа не кука први првата потешкотија на која ќе наиде во животот, таа успешно се бори со сите препреки.

Не прави компромиси
Таа не се плаши дека нема да успее и дека нема да излезе на крај со некој предизвик. Таа ги напушта оние нешта кои не ја исполнуваат и никогаш не се задоволува со нешто помалку од тоа што смета дека и припаѓа.

Не се споредува со никого
Таа не се мери со своите другарки или колеги по своите достигнувања, финансии или друштвен статус. Свесна е за своите квалитети. Таа единствено се споредува со самата себеси, онаа од вчера или минатата година и се стреми да се развива се повеќе и повеќе.

Таа е задоволна со својот изглед
Не сака да промени ништо во својот изглед, задоволна е со себеси онаква каква што е. Таа се негува и води грижа за својот изглед и не се жали дека не е доволно убава. Таа се грижи за својата надворешност и нема намера да ја промени.

Таа не прифаќа нееднаквост
Поговорката дека „мажот е главен“ за неа е незамислива. Со неа можете да комуницирате исклучиво на рамноправна основа и не е важно кој е побогат, поавторитативен или завзема повисока функција. Никогаш нема да си дозволи да биде непристојна спрема никого.

Прегледи:
1071
Објавено на:
25.06.2020