Категории

Пред да му припаѓаш на некој друг, мораш прво да си припаѓаш себеси

Можеби сега не е време за да се заљубиш во некого..

Можеби сега е време за да се заљубиш во себеси. Да се спознаеш себеси, да ги истражуваш своите најдлабоки чувства, соништа, желби. Можеби сега е вистинско време да се откриеш себеси и да го разбереш подобро своето срце.
Вистинската љубов ќе те пронајде кога еднаш ќе ја запознаеш подобро својата душа.

Што посакуваш, што те исполнува. Еднаш кога ќе го оствариш сето она за кое твоето срце сонува и жеднее. Можеби тогаш ќе бидеш вистински подготвен.
Можеби треба да заминеш во потрага, без да знаеш што всушност бараш, да се изгубиш во толпата и ги откриеш сите шаренила кои те опкружуваат.

Можеби твоето срце сеуште не е подготвено да сака. Можеби прво треба да си бидеш на себеси се, пред да бидеш некому нешто. Можеби треба да искушиш уште многу болки, но за твое добро. Да ги бакнеш сопствените рани, да ја вкусиш нивната болка и да ги залечиш се додека ништо нема да може да те скрши повторно.

Можеби сега е најдобро време да стапиш во врска со себеси, да се обликуваш и надоградиш.
Можеби сега е време да бидеш сам со себе, да ја искусиш најубавата врска во животот – кога си сосема среќен и задоволен во сопственото друштво.

Прегледи:
389
Објавено на:
27.06.2020